Екипата на Црвена Звезда повторно е поразена од Панатинаикос кој славеше во Белград со 69:63 во рамки на Евролигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Црвено-белите беа рамноправни во првиот дел, но грчкиот состав ги искористи подоцнежните грешки на домаќините и по мини серија ја оствари третата во низа победа во европското натпреварување.
Првиот квартал му припадна на Панатинаикос со 20:15, додека полувремето заврши со резултат 41:38 во корист на гостите благодарение на тројката постигната на Денмон на две секунди до крајот.
Во второто полувреме, Грците имаа и двоцифрена предност. Звезда во финишот успеа да ја намали негативата на само три поени, но сепак среќата беше на страната на подобриот противник вечерва.
Нашиот интернационалец, Перо Антиќ на денешната средба запиша само два поени, а најрасположен во таборот на домашните беше Фелдин со постигнати 21 поен. Денмон и Гист на спротивната страна запишаа 16 поени и беа најефикасни во својата екипа.