Дома Топ вести Англиските медиуми тврдат: Човекот кој го одби Венгер сака на „Енфилд“, Клоп подготви фантастична понуда!

Англиските медиуми тврдат: Човекот кој го одби Венгер сака на „Енфилд“, Клоп подготви фантастична понуда!

lemar

Како што пренесуваат англиските медиуми, францускиот фудбалер кој се наоѓа на мета на голем број клубови знае каде би ја продолжил кариерата.

Тома Лемар минатата сезона блесна во дресот на Монако, беше еден од најдобрите во тимот кој стигна до титулата во Лига 1 и полуфиналето во Лигата на шампионите.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Поради тоа во текот на летото Лемар констатно се поврзуваше со заминување, но на крајот остана во францускиот клуб.

Арсенал беше блиску до негов ангажман во последните моменти од преодениот рок. Венгер испрати понуда во последниот ден, но самиот Лемар го одби трнасферот бидејќи како што истакна имал желба да настапува во Лигата на шампионите.

„Топџиите“ и понатаму се заинтересирани за неговите услуги, но изгледа дека Французинот направил избор. Имено, тој би сакал кариерата да ја продолжи во редовите на Ливерпул.

Ливерпул и Клоп веруваат дека имаат предност пред останатите клубови, па се очекува во јануари да испратат понуда за неговите услуги. Се шпекулира дека се спремни да платат и 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клеј Томпсон стана соиграч со Дончиќ!

НБА ѕвездата Клеј Томпсон во наредната сезона ќе го носи дресот на Далас Маверикс. Томпсон…