Бразилската ѕвезда и член на ПСЖ, Нејмар деновиве изгуби судски спор…
Имено, Нејмар мора да плати казна од 3.900 евра на докторот Херберт Крамер и неговиот тим кој пред шест години години го воделе пораѓањето на неговиот син Дави Лука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на ПСЖ тогаш беше фудбалер на Сантос, а од докторите во Сао Паоло побарал приватната болница да биде затворено неколку дена пред мајката на Дави, Каролина Дантас да роди.
Дави беше роден прерано, а докторот тврди дека Нејмар имал договор со докторот да му плати поради тоа што неговата клиника била затворена.
Од друга страна, таткото на ѕвездата на ПСЖ убедувал дека не постоел никаков договор и тврдел дека докторот сака да ја искористи ситуацијата бидејќи неговиот син е познат.
На крајот целата работа завршила на суд, кој пресудил во корист на докторот.