Дома Фудбал Роналдо го „стресе“ Мадрид пред „Ел Класико“ – Најдобриот во светот тренирал одвоено!

Роналдо го „стресе“ Мадрид пред „Ел Класико“ – Најдобриот во светот тренирал одвоено!

Најдобриот фудбалер во светот, Кристиано Роналдо, го пропуштил денешниот тренинг и неговиот настап во „Ел Класико“ е под знак прашалник пренесуваат шпанските медиуми.

Како што се наведува во медиумите, Португалецот има проблеми со мускулите уште од Светското клупско првенство кое неодамна беше одржано во Абу Даби.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од Реал потврдија: „Кристиано Роналдо тренира одвоено од тимот“, но не открија повеќе детали.

Според првите најави се очекуваше Реал натпреварот да го започне со Роналдо и Бензема во нападот, но сега настапот на Роналдо како што кажавме е под знак прашалник.

„Ел Класико“ се игра во сабота со почеток од 13:00 часот. Барселона на табелата има 11 бодови повеќе од Реал Мадрид кој се наоѓа на четврто место, зад Атлетико Мадрид и Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…