Веста која денес ја пласираа англиските медиуми како „бомба“ одекна во целиот свет и навистина звучи неверојатно.
Од една страна веќе подолго време се шпекулира дека Еден Азар би можел да го напушти „Стенфорд Бриџ“, од друга страна на „Олд Трафорд“ сакаат капитално засилување и нова голема ѕвезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие денови се почесто се шпекулира дека Герет Бејл би можел да се врати во Англија и тоа токму во Манчестер Јунајтед и дека на тој начин Реал ќе направи место во тимот за Еден Азар.
Меѓутоа островските медуми тврдат дека Мурињо има нешто друго во план и сака повторно да соработува со Белгиецот, а „црвените ѓаволи“ наводно нема да жалаат пари за неговиот потпис.
Управата на „сините“ во последните две годни повлекува чудни потези, но тешко е да се поверува дека ќе дозволи најдобриот фудбалер да премине во редовите на најголемиот ривал.
Притоа, веќе увидоа дека ова лето направија голема грешка кога го пуштија Немања Матиќ на „Олд Трафорд“.
Manchester United boss José Mourinho is planning a British record £90m move for Chelsea star Eden Hazard. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/OeDSjXC31q
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 20, 2017