Дома Фудбал Облак: Никој не знае каква е иднината на Гризман

Облак: Никој не знае каква е иднината на Гризман

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак тврди дека никој не знае каде ќе биде Гризман следната сезона.

Словенскиот голман кој неодамна беше прогласен од страна на Марка за најдобар голман во претходната сезона, а во прилика на тоа ја прокоментира и ситуацијата во која се наоѓа неговиот соиграч.

„Никој не знае каква е иднината на Гризман.“ – изјави Облак на церемонијата за доделување на наградата.

„За сега е комплетно посветен на натпреварите и тренинзите, тој е голем дел од овој тим.“

„Сакаме да се бориме за титулата и одиме од натпревар во натпревар, сега сме многу посилни од почетокот на сезоната.“

Гризман се поврзува со трансфер во Барселона и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…