Дома Ставови САЈТ НА ГОДИНАТА: Спортски.мк меѓу најдобрите спортски портали во Македонија!

САЈТ НА ГОДИНАТА: Спортски.мк меѓу најдобрите спортски портали во Македонија!

Во присуство на околу двесте гости, во најголем дел креатори, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, во Македонската опера и балет на 16.12.2017 г. беа доделени наградите Сајт на годината за 2017 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Манифестацијата се одржа осма година по ред, во организација на дигиталната маркетинг агенција Media Solutions која е сопствeник на платформата keepaneye.mk,а со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје и Кожувчанка ДОО Кавадарци. Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси десет илјади интернет посетители од Македонија, и за најдобар сајт го избраа lyoness.mk.

Најстариот спортски портал во Македонија, Спортски.мк оваа година доби трето место во категоријата најдобар спортски сајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ставови

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…