Судејќи според се Антоан Гризман оди во Барселона, па Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ ќе останат без Антоан Гризман, кој според се веќе започнал преговори со Барселона, па како што пренесуваат англиските медиуми Жозе Мурињо има нови мети.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што објави добор упатениот „Manchester Evening News“, тренерот Жозе Мурињо сега како главни мети ги означил Герет Бејл и Месут Озил.
Јунајтед веќе подолго време покажува интерес за Бејл кој во минатиот период имаше големи проблеми со повредите.
Бејл со Реал има договор од летото 2022 година, „кралевите“ веројатно би го пуштиле за добро понуда.
Кога во прашање фудбалерот од средината на Арсенал, Месут Озил, тој веќе соработуваше со Мурињо во Реал, а во својата автобиографска книга истакна дека обожава да работи со Португалецот.
„Manchester Evening News“ наведува дека Мурињо е спремен да троши во јануари, но прашање е дали Мурињо ќе има желба да плаќа за Озил кој има прилика да го добие бесплатно неколку месеци подоцна.
Иначе истиот извор уште во октомври истакнуваше дека Озил го советувале да го одработи договорот со Арсенал кој истекува на крајот на оваа сезона и потоа да се пресели во Манчестер Јунајтед.