Дома Фудбал Италија Емотивниот Кака ги откри плановите за во иднина!

Емотивниот Кака ги откри плановите за во иднина!

Бразилската легенда Рикардо Кака објави дека заминува во пензија, но потврди дека сака да остане да работи во фудбалот.

Во разговор со бразилсиот „Глобо“, 35-годишниот Кака откри дека сака да остане да работи во фудбалот и дека веќе има понуди.

„Разговарав со семејството и тие ми помогнаа да ја донесам оваа одлука. Мојот циклус на професионален фудбалер завршува овде“, изјави Кака.

„Сега ќе се припремам за продолжување на кариерата во фудбалот, но во друга улога. Би сакал да работам како менаџер, спортски директор или некоја друга улога која ги поврзува теренот со функционерите на клубот“, додаде Кака и откри дека има конкрентна понуда од Милан.

„Вистина е, Милан му претстави една многу интересна понуда. Ќе видиме“, откри легендата на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул не се откажува од Минте, иако може да изостане до три месеци

Ливерпул не се откажал од идејата да го привлече крилото на Брајтон Јанкуба Минте и прегов…