Дома Фудбал Англија Челзи го запостави, но има кој го сака: Бразилецот заминува веќе во јануари

Челзи го запостави, но има кој го сака: Бразилецот заминува веќе во јануари

Бразилскиот интернационалец, Давид Луиз веќе некое време го нема во поставата на Челзи , причината се недоразбирањата со Антонио Конте, а поради се некогашниот играч наБенфика и ПСЖ би можел во јануари да ја промени средината.

Се шпекулира дека Бразилецот во своите редови со задоволство би се видел во мадридски Реал, а според последните информации, доколку Луиз одлучи да ја промени средината во јануари, главен фаворит за негов потпис ќе биде торински Јувентус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Актуелниот шампион на Италија бара квалитетен стопер, не се задоволни со Бенедикт Хеведес, кој летово е доведен од Шалке на позајмица, па во текот на зимата ќе се обидат да го убедат Луиз да му се придружи.

Се верува дека Челзи би прифатил да го продаде за 28 милиони евра, а во трката би можел да се вклучи и Манчестер Јунајтед, со оглед на тоа дека Мурињо на неколку месеци остана без Ерик Баи.

Планот на „Старата дама“ е Хеведесда го вратат во Шалке веќе во јануари, Германецот запиша еден настап по пристигнувањето во клубот, а моментално е и надвор од ростерот поради повреда. Така ќе заштедат 13 милиони евра, кои планираа да им ги дадат на Шалке за неговите услуги, па таа сума би се вклучила во трансферот на Луиз од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…