Дома Фудбал Италија Милан и Гатузо „демолирани“ во Верона (видео)

Милан и Гатузо „демолирани“ во Верона (видео)

Уште едно разочарување на навивачите им приредија играчите на Милан кои попладнево беа поразени со високи 3:0 на гостувањето во Верона.

Ни смената на тренерот не помогна „росонерите“ да почнат да бележат добри резултати. Попладнево тимот на Џенаро Гатузо доживеа срамен пораз од претпослдно пласираниот тим на табелата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Иако Милан подобро го отвори натпреварот и имаше иницијатива, сепак следеше ладен туш за „росонерите“ во 24-та минута кога Карачиоло погоди полсе еден корнер. До крајот на полувремето Сусо имаше една чиста шанса, но не успеа да постигне гол.

Во второто полувреме следеше челосен распад на миланскиот гигант. Најпрво Кен во 55-та минута зголеми на 2:0, а Беса преку еден контранапад во 77-та минута ги постави конечните 3:0.

За ситуацијата да биде уште полоша по Милан, Сусо во последните минути од натпреварот заработи директен црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…