17 коло во италијанската Серија А беше отворено со вистинско изненадување.
Лидерот Интер го запиша првиот пораз во сезоната и тоа на домашен терен од тимот на Удинезе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гостите од Удине добро започнаа, а Ласања уште во 14 минута од средбата ја искористи топката на Видмер во петерецот и погоди за 0:1. Не се чекаше многу за одговор на „нероаѕурите“.
Само две минути подоцна, Кандрева успеа да спаси една топка и да ја уфрли во шеснаесетникот, а во мрежата на гостите ја спроведе кој друг, ако не Мауро Икарди. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.
После петаесетина минути игра во вториот дел, пенал за гостите од Удине, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Де Паул кој зголеми на 1:2, конечните 1:3 ги постави Барак во 77 минута од средбата.
Со овој пораз на Интер се отвара шанса за Наполи кој заостанува само еден бод и Јувентус кој е на два бода да ја превземат лидерската позиција. Наполи својот натпревар го игра денес со почеток во 18:00 часот на гостински терен против Торино, додека Јувентус утре игра против Болоња.