Тренерот на Интер, Лучијано Спалети направи вистинско шоу на пресконференцијата за медиуми во пресрет на денешниот натпревар против Удинезе.
Спалети саркастично најави три големи засилувања во редовите на Интер во зимскиот проеден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако со Интер го превзема првото место во Серија А, Спалети ужива во својата популарност.
„Доколку ме прашувате кога сакам, во ред ќе ви кажам: Серхио Рамос, Андрес Иниеста и Алексис Санчез. Во ред е?“, саракастично запраша Спалети, кој потоа истакна дека мораат да имаат почит кон оние кои сега се во Интер.
Италијанецот на крајот додаде дека последниот збор го има претседателот.
„Сите треба да молчиме додека претседателот или некој друг од управата не каже какви се нашите планови за јануари. Мораме да биде внимателни кога во прашање е преодниот рок“, заврши Спалети.