Хулиганот од Хрватска кој беше повреден во вчерашната пресметка на 156. дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан, побегна од Военомедицинската академија. Тој како што пренесуваат српските медиуми побегнал откако бил прегледан.
Повредениот инаку, е еден од четворицата кои заработија тешки повреди. Покрај него, на ВМА се наоѓа уште еден хрватски државјанин. Се работи за лицето кое најмногу настрада и има тешко згмечување на мозокот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Информацијата дека странски државјани учествувале во пресметката на јужната трибина ја потврдија и од Партизан.
Новинарот на белградскиот тим, Жељко Пантиќ истакна накратко негово видување за немилите настани.
„Нејасно е дали се работи за пресметка од интерес или нешто друго. Се работи за хрватски државјани кои за првпат се најдоа на стадионот на Партизан, од сознанија се кик-боксери кои впрочем и поминаа најлошо вчера. Тие биле испратени со оглед на тоа дека имале кај себе црвено-бели обележја, но се уште не е познато од кого се ангажирани“