Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе со секој натпревар се повеќе ја оправдува астрономската сума која ПСЖ ја плати за да го доведе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во натпреварот против Лил во 17 коло од француското првенство, Мбапе во 93 минута истрча неверојатен спринт откако од својата половина претрча нешто повеќе од 50 метри и постигна гол.
Податоците од статистичарите говорат дека Мбапе трчал со 36 километри на час и тоа во 93 минута од натпреварот.
За споредба, Усаин Болт во 2009 гдоина со 37.58 километри на час го сруши светскиот рекорд.