Дома Фудбал Италија Спалети искрен: Порденоне заслужи да оди понатаму!

Спалети искрен: Порденоне заслужи да оди понатаму!

„Нероаѕурите“ синоќа беа на чекор до историски срам, откако не успеаа после 120 минути да го победат третолигашот Порденоне во Купот на Италија.

Интер помина во следната фаза после изведување на пенали, а тренерот Спалети призна дека Порденоне заслужил да оди понатаму.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„На терен испратив играчи кои немаат голема минутажа оваа сезона. Очигледно беше дека се мачат со ритамот бидејќи средниот ред на Порденоне беше фантастичен“, изјави Спалети.

„Не можевме да ја контролираме топката и да ги исполнуваме своите задачи. Често влегувавме во непотребни дуели и правевме прекршоци. Како поминуваше натпреварот ние бевме се понервозни, а тие се помотивирани“.

„Мислам дека не ја завршив добро работата, бидејќи пристапот на натпреварот не беше соодветен. Ако Подреноне поминеше понатаму ќе беше сосема заслужено. За среќа нашиот голман беше одличен по пенал серијата“, заклучи Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…