Дома Останати Осаливен скромен: Не знам дали сум најдобриот!

Осаливен скромен: Не знам дали сум најдобриот!

Рони Осаливен е еден од најдобрите снукер играчи во историјата со освоени 31 титула и многу рекорди, а со шест титули на првенството на Обединетото Кралство го израмни рекордот на Стив Дејвис.

Сепак и покрај се Осаливен е скромен и не потврдува дека е најдобриот во историјата, а изјави дека на 10 или 12 турнири во снукер бил на „неверојатно ниво“ и дека тоа повеќе ќе му биде врежано во меморијата од кој било рекорд што го соборил.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сè што имам освоено е тестамент кој говори колку долго сум во овој спорт. Сепак, не би можел да кажам дека сум најдобриот во историјата. Тоа не е мојот стил. Задоволен сум што од година во година можам да играм на врвно ниво. Можам да кажам дека имаше 10 или 12 турнири на кои играв нестварно добро и на што сум особено горд. Тоа е нешто што ми е поважно од рекордите“, изјави Осаливен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…