Дома Македонски спорт Теодор Чомовски е победник на „Скопје Опен 2017“

Теодор Чомовски е победник на „Скопје Опен 2017“

Иако може да се рече дека и пред натпреварувањето се знаеше дека квалитетот ќе биде на страна на гостите од Бугарија, снукер турнирот „Скопје Опен 2017“ донесе неколку позитивни изненадувања.

Како најголемо изненадување секако мора да се земе победата на младиот
бугарски репрезентативец Теодор Чомовски, 19-годишно момче со македонско потекло, кому енергијата на родниот град му даде посебна сила во најтешките два меча. Во полуфиналето тој во крајно неизвесен и драматичен меч демонстрираше максимална концентрација против Монди Заја, еден од најдобрите играчи од Албанија, совладувајќи го со 3:2, додека во финалето го победи Братислав Крстев со 4:1, кој воедно му е тренер.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тројца македонски играчи стигнаа меѓу најдобрите осум, односно до четврт-финалето, каде што беа елиминирани од финалистите, при што македонскиот шампион Павле Данилов загуби токму од победникот Чомовски (3:0), Борис Белески беше поразен од Братислав Крстев (3:0), а Берат Јашари на крајот му честиташе на Монди Заја (3:0). Претходно, во осминафиналето настапија и Александар Мановски, Марко Кнежевиќ, Даниел Стојковиќ и Горан Ѓурчиновски.

Комплетните резултати од турнирот може да ги видите ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Димитриевски ја отвори душата: Тешко ми е што седам на клупа

Maкедонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски летово ја промени средината и од Р…