Дома Македонски спорт Успешен настап на каратистите од „Макпетрол“ на Балканското првенство

Успешен настап на каратистите од „Макпетрол“ на Балканското првенство

Изминатиов викенд во Херцег Нови, се одржа 18-то Балканското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21. На првенството учество земаа 11 балкански држави со 885 натпреварувачи.

Каратистите на Макпетрол на ова натпреварување кое имаше критериумски карактер за влез во репрезентацијата, постигнаа извонреден успех – освоија три златни и две сребрени медали, и тоа во највозрасната категорија на помлади сениори-ки (У21).


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Најуспешна натпреварувачка на Балканското првенство секако е Моника Пендаровска, спортистка на Макпетрол, таа успеа да освои две златни медали и тоа во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби. Веднаш до неа е Анѓела Мојсовска, исто така со освоени две медали, од кои една сребрена и една златна во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби. Абдурахим Идризи е спортистот кој успеа да освои сребрен медал кај јуниорите во категорија -55 кг. Патот до медалите за сите каратисти на Макпетрол беше следен:

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА МОНИКА ПЕНДАРОВСКА
Балканска шампионка во помлади сениори во категоријата на -55 кг стана Моника Пендаровска. Таа во првото коло беше слободна во второто коло ja победи натпреварувачкaта од Србија Вујасинович Александра со резултат 1-0, во второто коло беше поуспешна од Харбел Барбара од Словенија со резултат 5-0 и во финалната борба ја победи исто така Солдо Анќела од Босна и Херцеговина на судиско изјаснување со 5-0.Моника Пендаровска стана Балканска првенка за прв пат во својата кариера. Да потсетиме дека Моника до сега во својата кариера има освоено и три европски официјални медали во конкуренција на кадетки и јуниорки. Ова е нејзин прв позначаен успех кај помладите сениорки (У21), највозрасната младинска категорија и воедно со најтешка и најквалитетна конкуренција на спортисти.

СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА АНЃЕЛА МОЈСОВСКА
Анѓела Мојсовска .во категоријата на помлади сениорки (У21) категоријата – 68 кг, освои сребренмедал и стана Балканска вицешампионка. Во првото коло Ангела, беше поуспешна од Прга Ирена од Хрватска победи ос 2-0, во второ коло победа со Рогич Сара БиХ, со извонреден резултат од 7-0, во полуфиуналето ја победи спортистката на (Олимпик) Јанич Емилиа со резултат 1-0, и во финалната борба загуби од Тадич Анита со 1-5.

СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА АБДУРАХИМ ИДРИЗИ
Абдурахим Идризи освои исто сребрен медал за јуниори борби во категоријата -55 кг , во прво коло победи со Скотник Сани од Словенија резултат 1-0, во второ коло победи со Лацкович Кристијан од Хрватска резултат 4-1, во полуфинале победи со Атович Мурнес од Б и Х на судиско изјаснување со резултат 4-1, во финалето беше поразен со резултат 0-2, од Смилковски Столе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Димитриевски ја отвори душата: Тешко ми е што седам на клупа

Maкедонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски летово ја промени средината и од Р…