Очекувано, германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп беше лут по дуелот со Евертон во рамки на Премиер лигата, со оглед на тоа дека гостите успеаа да извлечат бод по пеналот реализиран од страна на Руни во 77. минута.
Прекршокот на Дејан Ловрен врз Левин по што беше досуден пеналот, предизвика бес и неверување кај клупата на Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот предовдник на „Карамелите“, Сем Алардајс смета дека ова е правилна одлука и имаше што да му порача на својот колега од спротивната страна.
„Ако си дефанзивец не можеш да ги ставиш рацете на напаѓачот во шеснаесетникот. Јас на местото на Клоп не би се лутел, туку би му укажал на Ливрен каде греши. „Што правиш би му рекол, само чувај го и биди до него, нема каде да оди, нема потрба рацете да ги ставаш на него“. Јас сум задоволен и се согласувам во целост со одлуката на арбитарот“, истајна Алардајс.