Дома Фудбал Изненадување: Мурињо менува во формацијата, Гвардиола вообичаено – СОТАВИ

Изненадување: Мурињо менува во формацијата, Гвардиола вообичаено – СОТАВИ

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити за помалку од 15тина минути ќе го одиграат големото дерби, во последниот меч од 16. коло во Премиер лигата.

Менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо одлучи на теренот да изнесе формација со двајца стопери, и така ги изненади повеќето, со оглед на тоа дека во ваквите дуело обично игра во формација 3-5-2.

Стоперскиот тандем го сочинуваат Смолинг и Рохо, на клупата останаа Џонс и Линделоф, а по боковите ќе бидат Валенсија и Јанг. Интересно е што во тимотс се наоѓаат Марсијал, Рашфорд и Лингард пред Лукаку.

На другата страна, Пеп Гвардиола изведува очекуван офанзивен состав во својата вообичаена формација, со тим кој во нападот ќе биде предводен од Жезус наместо Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалот ќе почека: Наби Кеита на пауза поради менталното здравје

Ференцварош му одобри пауза на поранешниот играч на Ливерпул најмалку до јануари. За негов…