Дома Фудбал Англија Конте искрен: Не сме способни да се бориме за титулата!

Конте искрен: Не сме способни да се бориме за титулата!

После поразот од Вест Хем, тренерот на Челзи, Антонио Конте и официјално крена „бело знаме“ и се откажа од титулата во Премиер лигата.

Италијанецот после мечот беше брутално искрен и изјави дека неговиот тим не може да ја одбрани титулата.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Ако сакаш да бидеш во трката, потребен е континуитет во резултатите. Нашиот случај не е таков. Ако загубиш четири од 16 натпревари, ти веќе не си во трката. Кога ќе загубиш од Вест хем, кој е при самото дно на табелата, тогаш треба да ти биде јасно дека тимот е далеку од одбрана на титулата. Треба да ги промениме нештата“, изјави Конте.

Челзи по 16 одиграни кола на Премиер лигата е на третата позиција на табелата со 32 бода, 11 помалку од првопласираниот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: Гвардиол го спаси Сити. Одбраната на празниот гол во 98. минута беше клучна

Манчестер Сити во возбудливо 14-то коло на Премиер лигата го совлада Фулам со резултат 5:4…