Дома Кошарка Шенгелија играше со болка во срцето: По семејната загуба ја предводеше Грузија до победа

Шенгелија играше со болка во срцето: По семејната загуба ја предводеше Грузија до победа

Шенгелија играше со болка во срцето: По семејната загуба ја предводеше Грузија до победа

За Торнике Шенгелија, гостувањето во Атина било многу повеќе од тежок кошаркарски натпревар. На пат кон грчката престолнина дознал дека починала неговата баба, но сепак решил да им се стави на располагање на соиграчите од репрезентацијата на Грузија.

Капитенот постигна 25 поени и собра 11 скока во победата над Грција со 92-88 по продолжение, во деветтото коло од квалификациите за Светското првенство.

Селекторот Александар Џикиќ му понудил да го пропушти натпреварот поради семејната загуба. Шенгелија ја одбил таа можност, откри неговиот репрезентативен колега Дуда Санадзе по средбата.

„Излезе на паркетот и даде сè од себе за сите нас. Секогаш ќе играм за Грузија, но овој натпревар го играв пред сè за Токо. Сакав да победиме за него“, изјави Санадзе.

Настапот на Шенгелија добива дополнителна тежина и поради распоредот што го имал зад себе. Само околу 24 часа претходно играл евролигашки натпревар во Дубаи, а по патувањето пристигнал во хотелот во четири часот наутро. Против Грција поминал на теренот 44 од вкупно 45 минути.

Џикиќ по победата не ја криеше благодарноста кон својот капитен.

„Играше претходната вечер, а во хотелот беше во четири наутро. Потоа одигра 44 минути и постигна 25 поени. Полесно ми е да ја работам мојата работа кога тренирам таков играч. И на момците им е полесно кога имаат таков капитен“, порача селекторот на Грузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Радошиќ избра нови застапници додека чека поголема шанса во Студентски центар

Младиот кошаркар на Црвена звезда, кој настапува на позајмица во Студентски центар, ја сме…