Дома Ракомет Магдебург и Веспрем пред големи тестови, ПСЖ бара излез од кризата

Магдебург и Веспрем пред големи тестови, ПСЖ бара излез од кризата

Магдебург и Веспрем пред големи тестови, ПСЖ бара излез од кризата

Дуел на непоразените во Магдебург и пресметка меѓу Веспрем и Алборг се главните адути на второто коло од главната рунда во ракометната Лига на шампионите. Програмата за среда и четврток носи шест натпревари, со важни бодови во трката за четвртфиналето.

Магдебург го пречекува португалскиот првак Спортинг во соочување на две екипи со максимален број бодови во групата 2. Германскиот тим ја брка осмата последователна победа сезонава, но истиот победнички ритам во групата го има и неговиот гостин.

Натпреварот меѓу Веспрем и Алборг е издвоен како меч на колото. И унгарскиот состав цели кон осми триумф во низа сезонава, достигнување кон кое се стреми и бранителот на трофејот Барселона, која го пречекува ГОГ.

Поинаква е задачата пред Фуксе Берлин и Пари Сен Жермен. Берлинскиот тим ги бара првите бодови во главната рунда против бундеслигашкиот ривал Мелзунген, додека ПСЖ ќе се обиде да ја запре серијата од три порази на средбата со Висла Плоцк.

Колото го отвораат Динамо Букурешт и Кјелце, а вкупно четири средби се на програмата во четврток.

  • Среда, 25 ноември, 18:45: Динамо Букурешт – Кјелце
  • Среда, 25 ноември, 20:45: Магдебург – Спортинг
  • Четврток, 26 ноември, 18:45: Веспрем – Алборг
  • Четврток, 26 ноември, 20:45: Фуксе Берлин – Мелзунген
  • Четврток, 26 ноември, 20:45: Пари Сен Жермен – Висла Плоцк
  • Четврток, 26 ноември, 20:45: Барселона – ГОГ
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров ја избра Црна Гора за последно воигрување пред мундијалскиот старт

Македонија ќе одигра две контролни средби со Црна Гора на 8 и 10 јануари, непосредно пред …