Дома Кошарка Во Олимпијакос е надвор од составот, но Спанулис смета на Дорси

Во Олимпијакос е надвор од составот, но Спанулис смета на Дорси

Во Олимпијакос е надвор од составот, но Спанулис смета на Дорси

Тајлер Дорси доби репрезентативна доверба во период кога неговиот статус во Олимпијакос останува нерешен. Василис Спанулис го задржа 30-годишниот бек на скратениот список на Грција за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство во 2027 година.

Дорси ја одработи клупската суспензија, но и понатаму не е во составот за натпреварите на Олимпијакос. Тренерот Јоргос Барцокас бара од него со соодветна работа на тренинзите да го заслужи враќањето во тимот. Во репрезентацијата, пак, токму нему му припадна единственото место за натурализиран кошаркар во овој прозорец.

Тоа стана јасно откако Спанулис го изостави Илајџа Митру-Лонг, единствениот друг кандидат за тоа место. Од првичниот избор отпаднаа и Димитрис Флионис, Димитрис Какламанакис, Димитрис Каѕивелис, Никос Плотас и Никос Тулиотис, со што списокот беше сведен на 18 имиња.

Грција прво ја пречекува Грузија во Атина на 26 ноември, а три дена подоцна гостува кај Шпанија во Сантијаго де Компостела. Со биланс од четири победи и четири порази, грчката селекција заостанува една победа зад двата следни противника и ќе се обиде да влезе меѓу првите три места што водат понатаму.

Меѓу повиканите се капитенот Костас Папаниколау и Ник Калатес, како и Јанулис Ларенѕакис, Танасис Адетокунбо, Константинос Митоглу, Панајотис Калаиѕакис, Костас Адетокунбо, Василис Толиопулос, Михалис Лунѕис, Димитрис Мораитис, Никос Хугаѕ, Манос Хаѕидакис, Насос Базинас, Омирос Неѕипоглу, Антонис Карајанидис, Никос Персидис и Александрос Николаидис.

Подготовките почнуваат в понеделник, но составот нема веднаш да биде комплетен. Поради клупските обврски, евролигашките кошаркари ќе пристигнуваат постепено, а дел од нив би можеле да се приклучат дури в четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ФИБА Европа без промени: Израел останува на неутрален терен

На состанокот во Хамбург е потврден постојниот статус на руските и белоруските екипи, доде…