Дома Фудбал Англија Анчелоти ги пакува куферите за Островот: Следна дестинација Лондон?!

Анчелоти ги пакува куферите за Островот: Следна дестинација Лондон?!

Карло Анчелоти одлучи повторно да се пресели во Лондон, пренесоа денес англиските медиуми и такаа ги подгреаа гласините дека ќе се врати во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанецот во септември го напушти Баерн Минхен од тогаш е поврзуван со Милан, италијанската репрезентација, но и со неколку англиски клубови.

Вест Хем не беше доволно примамлив, Анчелоти одлучи да го почека вистинскиот повик и изгледа дека наскоро тоа ќе се случи.

Меѓутоа, која е неговата следна станица во Англија?!

Јасно е дека Манчестер и Ливерпул отпаѓаат како градови, а бидејќи веќе се сели во Лондон, на Островот се шпекулира дека Арсенал е можна опција, како и Тотенхем, ако Покетино го прими позивот од Париз или Мадрид, тука е и Челзи, кој е најмалку веројатен бидејќи Анчелоти е пријател со Конте и не би сакал да го наследи.

Анчелоти пред неколку недели најави враќање од летово, а повторна селидба во Лондон би можела да наговести дека ќе преземе токму некој од споменатите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нови „експлозии“ во Мадрид – Реал има договор со три големи ѕвезди!

По две сезони без трофеи, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да направ…