Дома Фудбал Англија Мурињо мудруваше: И ние, и Сити сме подобри од минатата година

Мурињо мудруваше: И ние, и Сити сме подобри од минатата година

Викендов на програмата е големото дерби на Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед, натпревар кој може директно да одлучи за титулата бидејќи ќе се сретнат првиот и вториот на табелата.

Тренерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо овој пат беше одмерен на пресконференцијата и истакна дека очекува одличен натпревар бидејќи двата тима напредувале во однос на минатата година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Ние сме подобар тим во однос на минатата сезона, но мислам дека и Манчестер Сити се исто така подобри. Всушност, многу подобри. За мене ова е меч против еден од најсилните тимови во Еврпопа. На крајот на краиштата ова за нас е само меч за три бода, но за луѓето од градот е специјален натпревар“, истакна Мурињо.

Мурињо потоа додаде дека Златан Ибрахимовиќ, Фил Џонс и Немања Матиќ сигурно ќе бидат спремни за дербито, а настапот на Фелаини е под знак прашалник.

„Златан е спремен, Џонс исто така. За Фелаини ќе донесеме одлука утре. Карик и Баи сигурно нема да играат, а Матиќ е повреден, но сигурно ќе игра“, откри „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го елимираше Фламенго за пласман во четвртфиналето

Најтрофејниот германски клуб, Баерн го елиминираше Фламенго, клуб со најмногу регистрирани…