Дома Останати Крај на долгата пауза: Тајгер Вудс повторно ќе игра на Бахамите!

Крај на долгата пауза: Тајгер Вудс повторно ќе игра на Бахамите!

Крај на долгата пауза: Тајгер Вудс повторно ќе игра на Бахамите!

Декемврискиот турнир на Бахамите ќе го означи враќањето на Тајгер Вудс во натпреварувачкиот голф. Според објавата на ПГА тур, 50-годишниот Американец е меѓу учесниците на „Хиро ворлд челинџ“, закажан од 3 до 6 декември.

Неговиот последен официјален настап беше во јули 2024 година. Со ова завршува отсуството подолго од две години за голферот кој во кариерата освои 15 мејџор-титули, од кои пет на Мастерс.

Место во конкуренцијата од 20 натпреварувачи Вудс доби преку специјална спонзорска покана. Турнирот го организира неговата фондација, а покани за настап добија и неговите сонародници Рики Фаулер и Гари Вудленд.

На враќањето му претходеше и сообраќајната несреќа во Флорида во март 2026 година. Автомобилот на Вудс се преврте при обид да престигне камион. Тој потоа призна вина за опасно возење и пет години нема да вози.

Вудс имаше тешка сообраќајна несреќа и во февруари 2021 година. Тогаш повредите наложија операција на потколеницата и на глуждот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоргиев со четири од четири во Србија, Ристоски ја запре серијата порази

Црвена звезда остана непоразена, а ИББ Спор повторно победи во Турција. За Ана Фасулева и …