Дома Фудбал Англија Одлични вести за Челзи, „Чеканите“ без еден од најважните во лондонското дерби

Одлични вести за Челзи, „Чеканите“ без еден од најважните во лондонското дерби

Голманот на Манчестер Сити, Џо Харт кој оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во редовите Вест Хем ќе го пропушти наредниот натпревар на „чеканите“ поради повреда.

Вест Хем во викендот кој е пред нас го очекува натпревар против Челзи.  Харт во досегашниот дел од првенството настапи на сите натпревари, со исклучок на натпреварот против Манчестер Сити поради клазулата во договорот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Се очекува Харт на голот на клубот од источен Лондон да го замени шпанскиот чувар на мрежата Адријан Сан Мигел кој во овој клуб пристигна уште во 2013 година од тимот на Бетис.

Вест Хем после 15 кола се наоѓа на претпоследното место во Премиер лигата со 10 бодови колку што има и Кристал Палас, а три помалку од ВБА која се наоѓа над опасната зона.

Вест Хем овој викенд ќе игра против Челзи, а натпреварот се игра утре со почеток од 13:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крос за реваншот со Арсенал: Првите 15 минути ќе бидат решавачки

Реал Мадрид доживеа тежок пораз од Арсенал во Лондон во првиот натпревар од четвртфиналето…