Дома Кошарка Далас потопен за 12 минути: Бостон со 42-9 испиша клупски рекорд!

Далас потопен за 12 минути: Бостон со 42-9 испиша клупски рекорд!

Далас потопен за 12 минути: Бостон со 42-9 испиша клупски рекорд!

Само една четвртина му беше потребна на Бостон за да го претвори дуелот со Далас во демонстрација на сила. На семафорот по воведните 12 минути стоеше 42-9 – најголемата предност по прв период во историјата на Селтикс. Конечните 131-94 ја потврдија нивната доминација и ја продолжија победничката серија на шест натпревари.

Далас немаше одговор на стартниот налет. Од првите 18 обиди од игра, гостите промашија дури 16, а за три поени во воведниот период шутираа 0/8. Бостон го искористи тоа за да изгради разлика од 33 поени уште пред првата пауза.

Таква разлика во една четвртина во НБА не била забележана од 1987 година, кога Лос Анџелес лејкерс го добиле првиот период против Сакраменто со 40-4. Со своите „плус 33“, Селтикс воедно го израмнија третиот најдобар учинок во една четвртина во ерата на ограничено време за напад.

Џејсон Тејтум заврши со 32 поени за 30 минути, а неговото најсилно издание дојде во третиот период: постигна 21 поен, вклучувајќи и четири тројки. Пред последната четвртина стартерите на Бостон веќе се преселија на клупата, но предноста продолжи да расте и достигна 41 поен.

За Селтикс ова беше 11. триумф во последните 12 настапи. Тие сезонава веќе имаа и поголема предност на еден натпревар – 46 поени против Шарлот, додека против Чикаго стигнаа до „плус 40“.

Маверикс настапија без Кајри Ирвинг, кој доби одмор поради контролирање на оптоварувањето по повредата на левото колено. Купер Флег запиша 17 поени и четири асистенции, но погоди само пет од 15 шута од игра и загуби три топки.

Фото: Eurohoops

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ и во улога на тренер: Ја зеде таблата и им црташе акција на Лејкерс

Лука Дончиќ постигна 43 поени во победата над Феникс, а во еден момент ја презеде и таблат…