Дома Ракомет Судиите го избраа Пајовиќ: „Златна свирка“ за тренерот на Фленсбург

Судиите го избраа Пајовиќ: „Златна свирка“ за тренерот на Фленсбург

Судиите го избраа Пајовиќ: „Златна свирка“ за тренерот на Фленсбург

Алеш Пајовиќ доби признание за односот кон оние што ја делат правдата на теренот. Словенечкиот стратег на Фленсбург е избран за добитник на „Златна свирка“ за 2026 година, награда за спортско однесување и почит кон судиите во германскиот ракомет.

Неговото име се издвои по номинациите од судии кои водат натпревари на највисокото ниво во Германија. Тие кај Пајовиќ ги препознале смиреноста и коректната комуникација, особено во неизвесни средби, кога тензијата на теренот и покрај него е најголема.

Судиите го истакнале неговиот пријателски пристап, но и подготвеноста за конструктивен разговор дури и по тешки натпревари. Изборот го поздравила и Јута Ерман, одговорна за судиските прашања во Германската ракометна федерација, нагласувајќи го добриот однос на тренерот со службените лица.

Пајовиќ се заблагодарил за признанието и порачал дека страста и желбата за победа се неопходни во натпреварувачкиот ракомет, но дека меѓусебната почит не смее да биде доведена во прашање.

Наградата се доделува во рамките на Денот на судиите и ги издвојува луѓето што придонесуваат за професионални односи меѓу тренерите, играчите и судиските екипи. Пред Пајовиќ, добитници беа Кристијан Прокоп во 2022, Јасмин Чамџиќ во 2023, Себастијан Хинце во 2024 и Андре Хабер во 2025 година.

Свеченото врачување е планирано на еден од следните домашни натпревари на Фленсбург.

Фото: Handball-Planet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид пред домашен европски викенд: Драгунас е пречката до осминафиналето

Охрид ќе ги одигра двата дуела со Драгунас Клаипеда пред својата публика на 21 и 22 ноемвр…