Дома Фудбал Арсенал и Јунајтед го следат, агентот јасен: Еспозито не мрда од Интер

Арсенал и Јунајтед го следат, агентот јасен: Еспозито не мрда од Интер

Арсенал и Јунајтед го следат, агентот јасен: Еспозито не мрда од Интер

Интересот од Премиер лигата не ги менува плановите на Пио Еспозито. Иако Арсенал и Манчестер јунајтед го следат младиот италијански напаѓач, неговиот агент Марио Џуфреди испрати недвосмислена порака: иднината на фудбалерот е во Интер.

Еспозито повторно го привлече вниманието со два гола во победата на Италија над Франција од 3-1 во Лигата на нации. Со настапот на „Сан Сиро“, 21-годишниот напаѓач стигна до девет погодоци во само 14 натпревари за сениорската репрезентација.

Англиските клубови се подготвени да вложат значителни средства за него, но Џуфреди во разговор за Радио Наполи Чентрале објасни дека неговиот клиент нема желба да го напушти Милано.

„Нема никаква дилема дека неговата иднина е во Интер. Таму порасна и одлично се чувствува во Милано. Клубот секогаш му покажувал припадност и благодарност. Ќе остане во Интер уште многу години“, порача агентот.

Довербата од Кристијан Киву била важна пресвртница за Еспозито. Напаѓачот, кој како и неговиот постар брат Себастијано потекнува од школата на Интер, играше на позајмица во Специја во Серија Б. Очекувал нова позајмица, но по преземањето на екипата Киву решил веднаш да му даде шанса.

Џуфреди откри и дека Наполи се распрашувал за Пио додека тој сè уште бил во Специја. Претседателот Аурелио де Лаурентис покажувал интерес и за Себастијано, но немало соодветни услови за реализација на трансфер.

„Пио никогаш не размислувал за заминување, бидејќи е среќен во Интер. Дресот на ’нераѕурите‘ за него е како втора кожа“, истакна Џуфреди.

Дуелот со Франција донесе различни емоции за браќата Еспозито: Пио постигна два гола, а Себастијано не реализираше пенал. Нивниот агент призна дека од нервоза не ги гледал двата удари од белата точка и дека заедно со нивниот брат Салваторе се тргнал од телевизорот за време на вечерата.

Според Џуфреди, погодокот од пенал имал посебна тежина за Пио по неговото промашување против Босна. Реализацијата против Франција му помогнала да се ослободи од тој притисок.

Фото: NewMicrosoikos / Wikimedia Commons, CC0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…