Дома Актуелно Го носеше дресот на Арсенал и Барселона, а денес не добил плата четири месеци

Го носеше дресот на Арсенал и Барселона, а денес не добил плата четири месеци

song

Со интересна ситуација се соочи поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона.

Алекс Сонг, човекот кој го носеше дресот на едни од најголемите европски клубови денес настапува за руски Рубин Казан каде што верувале или не добил плата четири месеци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спорт“ открива дека овој фудбалер кој помеѓу останатото настапуваше и за Вест Хем повторно ќе се врати во Англија.

Сонг во август минатата година како слободен фудбалер одлучи да се придружи на тимот на Рубин, а одигра 22 натпревари во дресот на овој клуб кој се наоѓа на 12 позиција на табелата, а во досегашниот дел од првенството успеаа да стигнат само до пет победи.

Фудбал започна да игра во Бастија, за во 2005 година да се пресели во Арсенал. За „топџиите“ одигра 215 натпревари за седум години, во 2012 година премина во Барселона со која ја освои Ла Лига во 2014 година, после што се врати во Англија каде што настапуваше за тимот на Вест Хем.

Сега како што стојат работите, најблиску е до трансфер во Њукасл кој сака да го доведе веќе во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…