Екипата на Челзи во последниот натпревар од групната фаза не успеа да го совлада Атлетико Мадрид и да го обезбеди првото место во групата, а тоа занчи дека „сините“ во осминафиналето ги очекува условно кажано потежок ждреб.
Добра работа за Антонио Конте е што не може да игра против клубовите од Англија, па така сигурно ќе ги избегне Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Ливерпул, но и Рома со која беше во иста група.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така да има можност да игра само против ПСЖ, Барса и Бешикташ кој би му бил вистинска премија. Но, Конте не се плаши од моќните ПСЖ и Барса, туку само од домашната лига.
„Пет англиски клубови поминаа во нокаут фазата и тоа е доказ дека нашата лига исклучително силна. Ние во англиското првенство мораме да одиграме многу тешки натпревари и тоа се чуствува кога англиските клубови ќе стигнат до четвртфиналето или полуфиналето во Лигата на шампионите. Мислам дека токму тоа е главната причина што тешко ја освојуваме Лигата на шампионите, а не Барса или ПСЖ“, изјави Конте.