Дома Фудбал Удар за Реал пред „Ел Класико“: Куртоа отпадна, Лунин пред сезонско деби

Удар за Реал пред „Ел Класико“: Куртоа отпадна, Лунин пред сезонско деби

Реал Мадрид без Тибо Куртоа ќе гостува кај Барселона во вечерашното „Ел Класико“. Белгискиот голман има грип и нема да биде во комбинација за големото дерби, потврди мадридскиот клуб.

Неговото отсуство ја отвора вратата за Андриј Лунин. Се очекува токму тој да застане меѓу стативите, иако во тековната сезона сè уште не бранел. Така, првиот настап за него би дошол на гостување против најголемиот ривал.

Дуелот од десеттото коло во шпанското првенство е закажан за вечерва во 21 часот на „Камп Ноу“. Реал во оваа пресметка влегува од третата позиција, со 21 освоен бод.

Барселона, пак, го пречекува ривалот како лидер во Ла Лига со 27 бода. Меѓу двата клуба на табелата е Атлетико Мадрид, кој има 25 бода, но и еден одигран натпревар повеќе.

Разликата од шест бода меѓу Барселона и Реал му дава дополнителна тежина на дербито. За мадриѓаните, покрај обидот да се приближат до врвот, предизвик ќе биде и принудната промена на голманската позиција: наместо Куртоа, довербата се очекува да ја добие Лунин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малар и Балтимор го спасија Челси: Пресврт против Палас за врвот на табелата

Челси губеше на паузата, но со два гола на Мелвин Малар и одличен настап на резервистката …