Дома Фудбал Срушен рекорд стар 17 години: Никогаш поефикасна Лига на Шампиони

Срушен рекорд стар 17 години: Никогаш поефикасна Лига на Шампиони

Групната фаза од Лигата на Шампионите е завршена и познати се сите 16 учесници во осмина финалето.

Кој против кого ќе игра во осмина финалето ќе дознаеме во понеделник во 12 часот.

Овогодишното издание на ЛШ ќе го паметиме и по рекордите, Роналдо стана првиот играч кој постигна гол на сите шест натпревари во групата, ПСЖ го сруши рекордот по број на голови на една екипа (25), но ќе ја паметиме и по тоа што никогаш не паднаа повеќе голови.

Имено, 32 екипи оваа сезона во 96 натпревари постигнаа 306 гола, со што беше срушен рекорд стар 17 години од сезоната 2000/01. кога беа постигнати 292 гола. Тоа значи дека во просек по натпревар имаше 3,19 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…