Дома Фудбал Ливерпул на Клоп запиша нови страници во историјата: Ова не им успеа ниту на Јунајтед, ниту на Сити

Ливерпул на Клоп запиша нови страници во историјата: Ова не им успеа ниту на Јунајтед, ниту на Сити

Откако Јирген Клоп го превзеде Ливерпул, мора да се признае дека „Црвените“ играат атомски фудбал.

Минатата сезона „големата тројка“ Кутињо-Мане-Фирмино ги тероризираше мрежите во Премиер лигата, а сега го добија и Салах, па со Египѓанецот сеат страв и во остатокот на Европа, како поминуваше сезоната изборија пласман во ЛШ.

Моќта на нападот на Ливерпул на своја кожа го осети Спартак, која прими дури седум гола на „Енфилд“. Така стигнаа до бројка од 23 постигнати голови во групната фаза од ЛШ оваа сезона. Со тој учинок станаа најефикасен англиски тим во историјата на групната фаза во најелитното натпреварување.

Оваа сезона од нив поефикасен е само ПСЖ, кој постигна 25 гола и стана најефикасниот тим во историјата на групната фаза од Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…