Дома Фудбал Белјо погоди двапати, но Динамо потона: НЕЦ со четири гола го освои Загреб!

Белјо погоди двапати, но Динамо потона: НЕЦ со четири гола го освои Загреб!

Двата гола на Дион Белјо не беа доволни за Динамо да избегне тежок домашен пораз во Лига Европа. НЕЦ Најмеген славеше со 4:2 во Загреб, откако ја надополни негативата од 1:2 и стигна до првата победа во овосезонското издание на натпреварувањето.

За загрепскиот состав ова е прв пораз во лигашката фаза. По победата и ремито во воведните две кола, Динамо остана на четири бода, а третиот настап му донесе четири примени гола пред својата публика.

Холандскиот тим допатува без повредениот Душан Тадиќ, но тоа не го спречи да одигра отворено и да го стави домаќинот во проблеми. Бишоф го отвори резултатот во 25. минута, по што следуваше краток, но ефикасен одговор на Динамо.

Белјо со погодоците во 33. и 37. минута ја сврте предноста на страната на домаќините. Сепак, водството не издржа до паузата: Линсен во завршните моменти од првото полувреме погоди за 2:2, по асистенција на Бишоф.

Токму Линсен повторно беше кобен за Динамо по враќањето од соблекувалните. Во 54. минута го постигна својот втор гол на натпреварот и му ја врати предноста на НЕЦ.

Домаќините не успеаја да направат нов пресврт. Наместо тоа, на десет минути пред крајот Шери ја зголеми разликата и ги постави конечните 4:2, со што гостите ја заокружија успешната вечер во Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …