Дома Фудбал Лига на шампиони Џерард за шансите на Англичаните: Ливерпул можеби е подобар, Јунајтед го има Мурињо

Џерард за шансите на Англичаните: Ливерпул можеби е подобар, Јунајтед го има Мурињо

Стивен Џерард го коментираше големиот успех на англиските тимови оваа сезона во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многу лесно може да се случи четири од пет англиски клубови да бидат првопласирани во своите групи во рамките од Лигата на шампионите оваа сезона. Остана само уште Ливерпул, кој доколку вечерва победи ќе биде прв во својата група.

Единствено Челзи е второпласиран и тоа само поради послабиот меѓусебен дуел со Рома.

Стивен Џерард, човекот кој со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите истакна дека овој тим може далеку да стигне, но го пофали и Манчестер Јунајтед.

Запрашан да прогнозира кој англиски клуб би можел да стигне најдалеку, тој одговори Манчестер Јунајтед.

„Мислам дека со Мурињо ја имаат таа мала шанса. Сепак, мислам дека против добри клубови Ливерпул изгледа подобро отколку Манчестер Јунајтед. Од друга страна Мурињо е тој кој што знае да ја постави играта и да ги победи Реал или Барса со 1:0“, изјави Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…