Дома Фудбал Останато Англиските медиуми тврдат: Ова е буџетот кој Мурињо ќе го има на располагање

Англиските медиуми тврдат: Ова е буџетот кој Мурињо ќе го има на располагање

Доколку може да им се верува на англиските медиуми ова е буџетот кој ќе го има Манчестер Јунајтед на располагање.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ ќе имаат буџет за јануари, но прашање е колку Мурињо ќе има желба да го искористи или пак ќе го чува за летниот преоден рок.

Според најавите на „Yahoo sport“, Мурињо добил зелено светло да доведува фудбалери чија вкупна вредност ќе биде не поголема од 90 милиони фунти.

Лев бек, крилен играч и централен играч за врска се фудбалерите кои ги бара Мурињо и позициите кои до сега се наведуваа како слаби точки во Јунајтед.

Дали повторно ќе се обиде да го доведе Иван Ракитиќ?

Останува да се види, Мурињо има неколку фудбалери на „радарот“, а еден од нив е Хрватот, вториот секако е Сергеј Милинковиќ Савиќ, Србинот за кој би можеле да бидат искористени токму тие 90 милиони евра.

Останува да го почекаме јануари и да се види развојот на ситуацијата…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…