Вечерва се играат последните натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите. Во вторникот осмина финалето изборија Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Рома и Барселона како носители и Базел, Баерн, Челзи и Јувентус како второпласирани.
Еве детален преглед за тоа на кого што му треба, кој за што се бори во последните 90 овогодишни минути во најелитното фудбалско натпреварување во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Група Е
Никој не помина, Марибор испадна.
Парови: Ливерпул – Спартак, Марибор – Севиља
Табела: Ливерпул 9, Севиља 8, Спартак 6, Марибор 2.
Доколку Спартак не победи на „Енфилд“, во осмина финалето ќе бидат Ливерпул и Севиља. Ливерпул може да помине и во случај на пораз, доколку Марибор ја победи Севиља. Но, во случај сите три екипи да завршат со по девет бода, во тој круг ќе испаде Ливерпул. Значи, доколку загубат од Русите, Ливерпул ќе помине само доколку Севиља загуби во Словенија.
Група Ф
Манчестер Сити помина, Феенорд испадна.
Парови: Шахтјор – Манчестер Сити, Феенорд – Наполи.
Табела: Манчестер Сити 15, Шахтјор 9, Наполи 6, Феенорд 0.
Наполи меѓусебно е подобар од Шахтјор па постои едно сценарио како може во осмина финалето: да победат во Холандија, а Шахтјор дома да загуби од Сити.
Група Г
Бешикташ помина, Монако испадна.
Парови: Порто – Монако, Лајпциг – Бешикташ
Табела: Бешикташ 11, Порто 7, Лајпциг 7, Монако 2.
Порто меѓусебно е подобар од Лајпциг, па Германците можат да поминат само доколку бодовно ги прескокнат Португалците.
Група Х
Тотенхем и Реал поминаа, Борусија и АПОЕЛ испаднаа.
Парови: Тотенхем – АПОЕЛ, Реал – Борусија.
Табела: Тотенхем 13, Реал 10, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2.
Се знае дека Тотенхем е во осмина финалето од првото место, така да единствена дилема е тоа кој ќе продолжи во Лигата на Европа. Борусија и АПОЕЛ меѓусебно се изедначени (1:1, 1:1), но Германците имаат многу подобра гол разлика, па ќе ги гледаме во европската пролет и во случај да завршат бодовно изедначени.
Ждрепката за осмина финалето е во понеделник, 11. декември во 12 часот.