Дома Фудбал Лига на шампиони Мертенс им даде ветување на навивачите: Ако треба ќе загубам се за Наполи

Мертенс им даде ветување на навивачите: Ако треба ќе загубам се за Наполи

Наполи би можел да мине во следната фаза од Лигата на шампионите под услов Шахтјор да загуби од Манчестер Сити во Украина, а тие да слават кај Фејнорд на гости.

Сепак, тоа не е невозможна мисија, смета Дрис Мертенс, иако го нема Лоренцо Инсиње.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секогаш ќе ни недостига кога не е тука. Лоренцо е фантастичен фудбалер, но имаме луѓе кои би можеле да го заменат“, истакна Мертенс.

Откако истакна дека неговата екипа е во добра форма и покрај поразот од Јувентус, даде и ветување пред навивачите на Наполи.

„Ако треба да загубам уште два заба поради Наполи, тогаш ќе го сторам тоа. Моето семејство ќе го следи овој дуел, бидејќи Ротердам не е далеку од моето родно место“, истакна Дрис Мертенс, момчето од Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…