Дома Луд Спорт За во Гинис: Ја игра 221 сезона на познатата игра Фудбал Менаџер

За во Гинис: Ја игра 221 сезона на познатата игра Фудбал Менаџер

28 годишниот Полјак, Мајкал Лениц го сруши Гинисовиот рекорд со тоа што ја игра 221 сезона на легендарната Фудбал Менаџер.

Лениц во сите сезони во 2016 го водел совјот омилен клуб Лех од Познан. Изиграл 17.765 натпревари, а добил 14.381, ремизирал 1664, а изгубил само 1720 натпревари. За тоа време водел и 35 различни репрезентации, а со Лех само два пати испаднал од лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со полскиот клуб освои 44 титули во лигата на шампиони и 42 клупски светски првенства, а во играта има вкупно 258 години.

„Тајната е во развојот на млади играчи, баш како што мојот Лех прави во реалниот живот. Најголем успех ми е тоа што 11 играчи од мојата младинска школа во еден момент беа во почетните состави и најдобри момци на светот“.

Лениц за 221 сезона во виртуелната игра, потрошил две години во својот живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Конор Мекгрегор осуден за силување

Поранешниот шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше прогласен за виновен за сексуален напад …