Играчот за врска на Лилестром, Александар Мелгалвис се соблече до гола кожа за да го прослави освојувањето на трофејот од Купот на Норвешка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
28-годишниот фудбалер на изненадување на своите соиграчи, но и на бројните навивачи, изведе стриптиз на бината и на крајот интимните делови од телото ги покри со освоениот трофеј.

Ваквото славје на фудбалерите на Лилестром го привлече вниманието на дисциплинската комисија, па не е исклучено дека ќе бидат сакнционирани.
„Тоа беше спонтано, добронамерна идеја, која доби многу позитивни коментари. Мило ми е што се случи тоа. Нормално, никого не сакав да повредам и се извинувам ако го направив тоа“, изјави Мелгалвис.
Видеото од лудото славје можете да го видете ОВДЕ.