
Сампдорија направи тренерска смена по катастрофалниот почеток на сезоната во Серија Б. Клубот му врачи отказ на Бернардо Коради по новиот удар, поразот од Арецо со 2-1 на домашен терен.
Екипата од Џенова веќе има пет порази во првите седум кола и се наоѓа на дното на табелата со само четири бода, исто колку и Катандзаро. По последниот неуспех на „Ферарис“, навивачите жестоко реагираа и го исвиркаа тимот.
Клубот ја потврди одлуката
Во официјалното соопштение Сампдорија објави дека Коради е разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб.
„У.Ц. Сампдорија објавува дека Бернардо Коради е разрешен од должноста тренер на првиот тим. Клубот му се заблагодарува за посветеноста што ја покажа во периодот минат со „блучеркјатите“.“
Клубот им се заблагодари и на помошникот Масимо Мутарели и техничкиот соработник Стефано Фјоре, а најави дека новиот тренер и неговиот стручен штаб ќе бидат соопштени во наредните часови.
Џампаоло прв фаворит
Според најавите, најсериозен кандидат за клупата е Марко Џампаоло, кој би се вратил во Сампдорија по третпат.
Тој го водеше клубот во Серија А од 2016 до 2019 година, а потоа повторно и во периодот од јануари до октомври 2022 година.
Негов последен ангажман беше во Кремонезе, каде што во март го наследи Давиде Никола. Во меѓувреме, Никола минатата недела ја презеде Венеција.