Дома Фудбал Германија е светски првак меѓу фудбалерите над 80 години

Германија е светски првак меѓу фудбалерите над 80 години

Германија стигна до титулата на Светското првенство за фудбалери постари од 80 години, турнир што првпат се одржа во Кливленд, Австралија.

Во ова необично, но инспиративно натпреварување настапија пет репрезентации, составени од по осум играчи. Се играше на мал терен, во формат од две полувремиња по 30 минути.

Германците до финалето стигнаа по победата од 3:1 против Јапонија, а потоа ја заверија светската круна откако американската репрезентација славеше во својот натпревар.

Еден од германските фудбалери, Михаел Реч, порача дека овој успех има и пошироко значење од самиот резултат.

„Треба да направиме што е можно повеќе постари луѓе да бидат вклучени во спортот“.

Тој го опиша и славјето по освојувањето на титулата:

„Сите сме црвени во лицето и изгорени од сонцето, но тоа воопшто не ја намалува нашата радост“.

Германските ветерани најавија дека во следниот период сакаат да одиграат и неколку пријателски меѓународни натпревари, како подготовка за Европското првенство наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо доби порака од врвот на федерацијата: Вратата во Португалија не му е затворена

По бурниот конфликт со Жорже Жезус и привремената суспензија, претседателот на португалска…