Дома Останати Кошарка ОКЦ го врза Волас: пет години и 139 милиони долари

ОКЦ го врза Волас: пет години и 139 милиони долари

Оклахома Сити Тандер договори нов петгодишен договор со Кејсон Волас вреден 139 милиони долари.

Волас, кој беше 10. пик на драфтот во 2023 година, има 23 години и зад себе сезона во која бележеше 8.6 поени, 3.1 скокови, 2.6 асистенции и 1.9 украдени топки по натпревар. Со тие партии избори место во Втората најдобра дефанзивна петорка на лигата.

По заминувањето на Лу Дорт преку трејд, Волас стана важен дел од стартната петорка и од долгорочните планови на франшизата.

Сепак, овој потег носи и сериозен финансиски товар за иднината на ОКЦ. За сезоната 2027/28, клубот веќе има околу 224 милиони долари обврски за шест клучни играчи:

  • Шеј Гилџус-Александер: 61.6 милиони долари
  • Џејлен Вилијамс: 44.5 милиони долари
  • Чет Холмгрен: 44.5 милиони долари
  • Кејсон Волас: 27.8 милиони долари
  • Ајзеја Хартенштајн: 25 милиони долари
  • Алекс Карузо: 21 милион долари

Со оглед дека проектираната граница за вториот „апрон“ за 2027/28 е 235 милиони долари, Тандер ќе има само уште 11 милиони долари простор за да го пополни остатокот од ростерот со уште девет играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Фуркан Коркмаз по дербито: Ако помогнав да победиме, тогаш сум среќен

Кошаркарот на Бешикташ по триумфот над Галатасарај порача дека тимот минал низ тешка недел…