Дома Останати Кошарка Што прави денес Марко Јариќ? Од НБА се пресели во бизнисот

Што прави денес Марко Јариќ? Од НБА се пресели во бизнисот

Некогашниот српски кошаркар Марко Јариќ по завршувањето на играчката кариера избра сосема поинаков правец и се насочи кон бизнисот.

Јариќ денес работи како потпретседател за развој на бизнисот во американската компанија „WestPac Wealth Partners“, откако претходно со години постепено се повлекуваше од јавноста.

Зад себе има девет сезони во НБА, период во кој заработил 40 милиони долари, а според објавените информации, подоцна дополнително го зголемил својот капитал преку инвестиции и новата деловна улога.

Поранешниот кошаркар професионалната кариера ја заврши пред 15 години во дресот на италијанскиот Монтепаски Сиена.

По крајот на играчките денови, тој не сакал да се враќа во кошарката ниту како тренер, ниту како функционер, ниту како агент, туку барал нова област во која може да изгради поинаква кариера.

Во меѓувреме, како што самиот открил, денес води многу помирен живот: станува рано, им подготвува појадок на ќерките и ужива во готвењето, па на шега вели дека станал „полош од Италијанците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тврдење од Русија: Малик Њумен си заминал од Зенит поради проблеми со кондицијата

За краткиот престој на Малик Њумен во Зенит се појави необично тврдење: наводно имал пробл…