Дома Фудбал Останато Македонија доби светски шампион: Марко Џорлев се закити со злато во Полска

Македонија доби светски шампион: Марко Џорлев се закити со злато во Полска

Голем успех за македонското карате донесе Марко Џорлев, кој се искачи на светскиот врв на првенството за кадети, јуниори и У-21 во Бјелско Бјала, Полска.

Натпреварувачот од Штип, како дел од македонската репрезентација, во финалната борба беше подобар од Адам Ваги од Унгарија и славеше со 4:1 за златен медал.

По големиот резултат, неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот „Штип“ преку социјалните мрежи објавија дека Џорлев е нов светски шампион.

„Македонија има светски шампион, Штип има светски шампион, Карате клуб Штип има светски шампион. Радувај се Македонијо. Фала му на Господ за сѐ“, порачаа Сашко и Жарко Арсовски.

На успехот реагираше и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, кој посочи дека освоеното светско злато е гордост и за градот и за државата.

„Македонија слави, Штип се гордее! Нашиот Марко Џорлев е светски шампион. Освоеното светско злато е гордост за Штип, Македонија и Карате клубот ‘Штип’. Благодарност и до тренерите Сашко и Жарко Арсовски за нивната посветена работа и создавањето шампиони. Браво, Марко! Ти си пример дека со труд, дисциплина и посветеност се стигнува до светскиот врв“, истакна Јорданов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дубоа експресно го среди Вордли, па веднаш го спомена следниот голем предизвик

Даниел Дубоа ја одбрани WBO титулата во тешка категорија со технички нокаут во втората рун…