
Уникаха Малага е активна на пазарот и веќе разговара со Кевин Нокс, откако тимот се соочи со неколку проблеми со повреди.
Американскиот крилен кошаркар има 27 години, а минатиот петок, на 16 октомври, беше отпуштен од Орландо Меџик. Претходно имаше потпишано договор од типот „Exhibit 10“ со франшизата од Флорида.
Во Малага ја разгледуваат можноста да го доведат Нокс по тешката повреда на Тајсон Перез, кој неодамна беше опериран на Ахиловата тетива.
Нокс беше еден од тројцата играчи кои Орландо ги ослободи пред стартот на новата НБА сезона. Во претсезоната настапи на четири натпревари и бележеше просек од 6,3 поени и 2,3 скока за 9,9 минути по меч.
🚨 El Unicaja de Málaga está negociando con Kevin Knox, que recientemente ha sido cortado por los Orlando Magic. Más info en @EurohoopsES
🚨 Unicaja Málaga is in talks with Kevin Knox. The forward was recently waived by the Orlando Magic. More on @Eurohoopsnet https://t.co/kRaaDaOYyT
— Alex Molina (@alex30mp) October 17, 2026
Нокс беше избран како деветти пик на НБА драфтот во 2018 година од Њујорк Никс, по колеџ-кариерата на Кентаки. Во лигата влезе со големи очекувања, но не успеа да изгради постојана улога и често ги менуваше средините.
Во првите три и пол сезони во Њујорк имаше блесоци, но и проблеми со континуитетот. По заминувањето од Никс во 2022 година беше дел од Атланта Хокс, Детроит Пистонс, Портланд Трејл Блејзерс и Голден Стејт Вориорс, пред да стигне во Орландо.
Досега во НБА има одиграно 320 натпревари, со просек од 7,3 поени и 2,8 скока. Шутира 39,3% од поле и 34% за три поени.